HomeМинистерстваМНР: Успешно се имплементира проектот за зајакнување на НАТО капацитетите на МНР...

МНР: Успешно се имплементира проектот за зајакнување на НАТО капацитетите на МНР поддржан од Обединетото Кралство

spot_img
spot_img

Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со амбасадорот на Обединетото кралство, Метју Лосон имаа завршни обраќања пред учесниците во НАТО обуката, што се спроведува во рамки на проектот за зајакнување на капацитетите на Директоратот за НАТО при Министерството за надворешни работи, поддржан од Обединетото Кралство.

Пред учесниците во обуката, Османи изрази благодарност за континуираната британска поддршка за менторство и градење на капацитети.

“Драго ми е што корист од овој проект имаа и други институции, што воедно е и негова цел – да  создаде институционална и поединечна свест дека ангажманот, посветеноста и придонесот во НАТО треба да бидат одржливи во иднина. Како земја членка на НАТО, особено значајно е да се покажеме како кредибилен партнер на нашите сојузници од НАТО, а тоа е можно преку градење капацитети и вложување во човечкиот капитал”.

„Ми беше заедоволство што заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи ги поделивме сертификтите на службениците од државните институции кои ја завршија обуката на НАТО поддржана од Обединетото Кралство. Целта на обуката беше да се обезбеди советување, поддршка и унапредување на капацитетите и способностите во институциите релевантни за НАТО, со цел да се извлече максимумот од нивниот ангажман преку одржливи политики, процеси и процедури во рамите на Министерството за надворешни работи и други институции на ниво на Владата. Обуката беше усогласена и изведена од вредностите и стандардите на НАТО за ефективно и демократско цивилно управување во безбедносниот сектор. Поддршката која ја обезбедуваме за Северна Македонија како блиски НАТО партнери и сојузници ќе продолжи и во иднина” рече амбасадорот, Лосон.

Имплементацијата на проектот се фокусира на зајакнување на човековиот потенцијал, политиките на НАТО, како и процесите и обврските кои произлегуваат од нашето членство во НАТО, а кои треба да овозможат наш долгорочен и зајакнат придонес како земја членка на Алијансата.

Османи и Лосон го поздравија неодамнешното формирање на Советот за координација на активностите поврзани со членството во НАТО, кој е составен од сите релевантни институции кои се вклучени во процесот на имплементација на обврските од  нашето членство во НАТО Алијансата, најавувајќи дека наскоро ќе се одржи неговата инаугуративна седница.

По нивните обраќања, Османи и Лосон им доделија признанија на учесниците на обуката.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија