spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Јавен конкурс за избор на директор на ЗЈПРУО ЕКО ИСТОК –...

МЖСПП: Јавен конкурс за избор на директор на ЗЈПРУО ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе

Врз основа на член 19 и 23 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22 и 274/22), а во врска со член 14 од “Одлука за основање на заедничко ЈП за регионално управување со отпад” донесена од Советот на Општина Свети Николе на седницата одржана на 17.02.2021 година со број 0801-1031 од 17.02.2021 година, и “Решение за одземање на надлежност на општина Свети Николе за номинирање на член во Управен Одбор и Надзорен Одбор на ЗЈПРУО ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе и за потпишување на решението за избор на директор донесено од МЖСПП” број 11-2281/1 од 24.03.2023 година како и и Одлуката за за распишување на јавен оглас за избор на директор на ЗЈПРУО ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе број 02-541/1 датум 15.01.2024 Министерството за животна средина и просторно планирање, распишува

Јавен конкурс за избор на директор на ЗЈПРУО ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе

Се распишува Јавен конкурс за избор на Директор на Заедничко Јавно претпријатие за регионално управување со отпад ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе.

Покрај општите условите, треба да се исполнуваат и условите утврдени со Законот за јавните претпријатија:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  • има минимум пет години работно искуство.
  • поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛИБТ (TOEFL iBT) – најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) –најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC Cambridge English: Legal) –најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE Cambridge English: First) –положен, БУЛАТС (BULATS) –најмалку 60 бода или АПТИС (АPTIS) –најмалку ниво Б2 (B2).
  • да има организациона и менаџерска способност за раководење.

Со пријавата, кандидатите треба да приложат:

  • Уверение за државјанство;
  • Заверен препис на диплома за за вршена стручна подготовка;
  • Доказ дека има минимум пет години работно искуство во областа на заштита на животна средина и природата
  • Кратка биографија-CV;
  • Сертификат за познавање на јазик,
  • Потврда од надлежен орган дека не му е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • Референци за учество во проекти (домашни и странски) за Регионално управување со отпад
  • Мотивациско писмо

Распоред на работно време: Работни часови во неделата се 40 часови, со работно време од понеделник до петок од 07:30 до 15:30 часот.

Нетоплата 69.604 денари.

Јавниот оглас ќе трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето,

Известувањето за извршениот избор се доставува до кандидатите во рок од 8 дена од денот на донесувањето на одлуката за избор.

Со избраното лице ке биде склучен договор со во кој ќе бидат регулирани правата, одговорностите и овластувањата согласно со закон .

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање со назнака „за јавен конкурс за избор на директор“.

Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што не ги содржат бараните документи ќе се сметаат како неблаговремени односно некомплетни и истите нема да се разгледуваат.

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте