spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Нова опрема за кабинетите во средното општинско училиште

Илинден: Нова опрема за кабинетите во средното општинско училиште

Во СОСУ ИЛИНДЕН продолжува инвестирањето во нова и напредна опрема од  електротехничка струка за да се создаде иновативна и стимулативна средина  за учење и стекнување на трајни и одржливи знаења и вештини.

Училиштето е опремено со нови индуктивни декади, капацитативни декади, отпорнички декади, мерачи на вртежи, инфраред термометри, отстранувачи на чад, развојни системи за едукација и вежби (програмабилни логички управувачи, фрекфентни регулатори, развојни плочки за PIC микроконтролери, 3D принтери, како и едукативни пакети за роботика и автоматика LEGO® MINDSTORMS® Robot Inventor

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски го посети средното училиште и истакна дека локалната самоуправа континуирано  работи на обезбедување квалитетни услови во образованието и успешно реализирање на  образовниот процес, затоа што една од најзначајните области за развој на општина Илинден е инвестирањето во образованието.

Со оваа инвестиција покрај тоа што учениците ќе имаат на располагање современи технолошки ресурси, ќе се засили и репутацијата на училиштето како современо училиште кое нуди квалитетна настава за електротехничко образование.

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

УЈП: Контакт Центарот вашата точка за дирекна комуникација

0
Почитувани даночни обврзници, Во контекст на нашата посветеност кон транспарентна и блиска комуникација со Вас, а по пристигнатите информации за неусогласени состојби во врска со...