spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Нов дијагностички центар и медицинска опрема на Клиниката за пулмологија

МЗ: Нов дијагностички центар и медицинска опрема на Клиниката за пулмологија

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити беше во посета на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија по повод отворање нов дијагностички центар и набавка на нова медицинска опрема во вредност од 16 милиони денари, обезбедени од Министерството за здравство.

Опремата се состои од столб со бронхоскоп со соодветен монитор, процесор и извор на светло, како и ЕБУС (ендобронхијален ултразвук со бронхоскоп). Посебно е значајно што со отворањето на овој центар двојно ќе се зголеми бројот на бронхоскопии и ЕХО прегледи, кои ќе се вршат на оваа клиника.

Значајно е што е обезбеден ЕБУС апаратот кој овозможува да се дијагностицираат метастатски лимфни јазли. Апаратот за оваа намена со кој располагала Клиниката бил веќе стар и дотраен.

Новиот дијагностички центар е опремен и со дигитален РТГ апарат и апарат за компјутерска томографија. За адаптација на овој простор се извршени реконструктивни зафати во вредност од 10 милиони денари.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...