HomeОпштиниГрад Скопје: Се реализира трета фаза од стратешкиот проект за испитување и...

Град Скопје: Се реализира трета фаза од стратешкиот проект за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи

spot_img
spot_img
Град Скопје продолжува со трета фаза за реализација на стратешкиот проект од програмата За модерно Скопје за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи. Со изработката на стратешката Студија се добива дијагностика и утврдување на состојбата на двата постоечки челични водоводни цевководи, со димензија Ф1600, за прв пат од нивната изградба.
Во третата фаза се анализира состојбата на самите цевки во нивниот надземен и подземен дел во општина Гази Баба, состојбата на објектите кои се изградени за правилна експлоатација на цевководот односно армирано бетонските шахти со хидро машинска опрема, мостовска конструкција на надземниот дел од цевководот, како и опремата за активна катодна и останата заштита. Со третата фаза од Студијата за магистралните водоводни цевководи базирана на темелни испитувања и анализи која се прави за прв пат по 60 години, се испитува водоснабдувањето на град Скопје од количини на вода кои се расположливи од двата каптажни објекти, кое се движи преку двa челични цевководи.
Испитувањата на терен ги вршат експерти и професори од Машинскиот факултет, со цел да добиеме прецизна студија за магистралните водоводни цевководи кои се изградени пред 60 години, а студијата треба да даде информации какви мерки треба да се преземат за да се превенираат несакани појави во иднина и да се имаат сите информации за овие клучни цевководи во Скопје.
Имајќи предвид дека цевководите се челични и градени во пост-земјотресниот период започнати во 1964 година, по нивната 60 годишна функционалност, со оваа студија би се добила детална слика за состојбата и би се оформиле насоки за идни потреби на инвестиции во овој сегмент. Суштината на изработката на стратешката студија е утврдување на состојбата на двата главни магистрални метални цевководи, едниот кој оди по трасата на булевар Партизански Одреди и другиот по булевар Словенечка и Босна и Херцеговина.

 

Извор: Град Скопје 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија