spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Градот Скопје обезбеди термос инсулински торбички со фреон за 300 дечиња со дијабет тип 1, кои го олеснуваат складирањето и чување на инсулинот кој го користат на константна температура.

Во просториите на градот Скопје, Градоначалничката Данела Арсовска, заедно со Катерина Јовановска, член на комисијата за унапредување на правата на пациентите и член на Советот на Град Скопје и претставници на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија Баланс МК и Сојузот на дијабетичари на Македонија симболично ги доделија термос инсулинските торбички.

Пред присутните се обратија и д-р Александра Јанчевска, раководител на Одделот за ендокринологија при Клиниката за детски болести, Наташа Д. Димитриевска, претседател на Баланс Мк, Татјана Јордева, секретар на СЗДМ. Втората група на торбички ќе се дистрибуираат преку Клиниката за детски болести до крајните корисници.

Подаваме рака на сите наши сограѓани кои се соочуваат со здравствени предизвици и правиме се во рамки на нашите можности да им го олесниме животот и секојдневното функционирање. Особено се грижиме за нашите најмлади, за децата, за да им го направиме детството што посигурно и побезгрижно. Токму тоа е целта на овој проект, да го олесниме животот на децата со дијабет, кои инсулинот соодветно ќе можат да го складираат во термос инсулинска торбичка со фреон.

Градот Скопје е силен поддржувач преку многубројните системски, сеопфатни и иновативни програми за здравствена и социјална политика со кои внесуваме промени во општеството и на кои посветено и континуирано работиме.

Иницијативата за набавка на термос инсулинските торби со фреон за деца до 18 години со дијагноза дијабет тип 1 покрената од Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје, се реализира како заедничка активност со Комисијата за социјална, детска и здравствена заштита при Советот на Град Скопје, како дел на Програмата за активности од областа на социјалната, детската и здравствената заштита на Град Скопје.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

МЗ: Манолева на билатерални средби со министрите за здравство на Словенија...

0
Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева оствари билатерални средби со министерката за здравство на Република Словенија, Валентина Преволник Рупељ и д-р Шимон Војислав,...