spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Градоначалничката на Град Скопје со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршија увид во градежните работи за реализација на мега проектот за изградба, регулација и покривање на Усјанскиот канал со што се решава еден од најгорливите комунални и еколошки проблеми во градот. Со решавање на овој децениски проблем, реализираме уште едно ветување од програмата За модерно Скопје.

Овој проект има директно влијание на жителите кои со децении потенцираат дека каналот претставува потенцијална опасност од ширење на заразни болести. Покривањето на овој канал пред локалните жители е ветувано со децении, а сега овој проект е реалност и посветено работиме да го исполниме даденото ветување пред нив, затоа што уредувањето на Усјанскиот канал е еден од централните проекти од програмата „За модерно Скопје“.

Проектот за изградба, регулација и покривање на Усјанскиот канал се реализира во неколку фази, а во првата фаза се гради, уредува и покрива каналот во должина од 1.300 метри. Тој ги собира атмосферските води од неколку суводолици од планината Водно, како и атмосферските води од повеќе атмосферски колектори на територијата на две општини.

Реализацијата на овој проект значи крај за неколку деценискиот проблем на жителите на овој дел на Скопје, дополнително, исчистени се и сите диви депонии кои претходно биле формирани и отстранети се преку 600 кубни метри отпад, а на потегот предвидено е и ново зеленило.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...