spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМЗ: Создаваме систем за користење на светски искуства за лекување на карцином

МЗ: Создаваме систем за користење на светски искуства за лекување на карцином

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити оствари средба со деканот на Медицинскиот факултет при УКИМ, професор д-р Светозар Антовиќ и професорката Весна Велиќ Стефановска, раководител на Институтот за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика по повод воспоставување национална електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за состојбата со малигни заболувања во земјава.

-Првпат воспоставуваме национална електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за рак на простата, рак на матка, рак на дебело црево, на дојка и на црн дроб. При креирањето на методологијата за работа се искористени искуствата на земјите членки на ЕУ и Соединетите Американски Држави. Во нив е прикажана просечната годишна процентуална промена на секое од петте малигни заболувања од 2014 до 2022 година, по пол, возраст и општини, посочи Меџити.

Сите истражувања ќе бидат поставени на електронска платформа отворена за сите профили на здравствени работници, како и студенти, магистранти и докторанти на Факултетите за медицина, стоматологија и фармација. Платформата ќе биде отворена и за здруженијата на пациенти со малигни заболувања и сите други заинтересирани лица и институции.

Остварувањето на оваа иницијатива е од национален интерес и ќе овозможи поврзување со сите релевантни светски бази на податоци.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

МНР: Османи – Формиравме Кризен штаб за извлекување на нашите државјани...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конференција, упати најостра осуда за масовниот напад на Иран врз Израел во текот на ноќта,...