HomeОпштиниБутел: Новата Детска градинка во Бутел 1 ќе започне со работа во...

Бутел: Новата Детска градинка во Бутел 1 ќе започне со работа во септември

„ Заедно ја испишуваме историјата!
Заедно инвестираме и градиме современи и модерни услови за нашите најмали дечиња!
Затоа што вложувањето во нашите деца е влог во наша заедничка иднина!
Во период од само две години градинката во Бутел 1 е во завршна фаза и за неколку месеци ќе биде пуштена во употреба, а наскоро започнуваме со изградба на нова градинка во Бутел 2!
Денес заедно со министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски ја посетивме детската градинка која е во завршна фаза и се наоѓа во дворот на ООУ “Св. Климент Охридски”.


Вкупната површина на детската градинка изнесува околу 950 м2 во првата фаза а втората фаза опфаќа 200 м2.
Вкупната инвестиција изнесува 35.000.000 денари средства обезбедени од ТАВ програмата.


Капацитетот на градинката ќе биде за 120 деца а целиот објект ќе биде едно ново модерно здание кое ќе ги задоволи сите потреби на малите деца.
Секој ден нови проекти за подобра иднина на нашите граѓани!
Општина Бутел се менува! “ – изјави градоначалникот Дарко Костовски.

Извор: Општина Бутел

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...