HomeОпштиниБутел: За првпат учениците добиваат бесплатни училишни униформи

Бутел: За првпат учениците добиваат бесплатни училишни униформи

УБАВ ДЕН ЗА НОВИ УБАВИ ПРОЕКТИ.

Градоначалникот Дарко Костовски со големо задоволство објави дека се обезбедени бесплатни училишни униформи, за сите 4700 ученици од општинските основни училишта на територија на општина Бутел.

За првпат во историјата, општина Бутел од сопствени средства обезбеди училишна униформа којашто за секој ученик ќе биде бесплатна.

Со овој проект се намалуваат трошоците на родителите, а исто така се намалува и класната разлика која се создава помеѓу учениците.

Започнува процедурата за евидентирање на учениците, со цел утврдување на величината на униформата за секое дете по што ќе следува и доделување на униформите.

Ова е ветување дадено пред родителите и граѓаните коешто се исполнува.

Општина Бутел обезбеди финансиски олеснувања за родителите и ќе продолжи со инвестиции во образованието и унапредување на наставата.

Извор: Општина Бутел

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар вчера прегледани 197 пациенти...

0
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои...