spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Исплатени студентските стипендии заклучно со месец март

МОН: Исплатени студентските стипендии заклучно со месец март

Министерството за образование и наука изврши исплата на средства по основ на студентски стипендии, со што сите стари и нови корисници на стипендии ги добија средствата за тековната академска година, заклучно со месец март.

Во меѓувреме, исплатена е и втората рата на сите студенти кои имаат потпишано анекс кон договорот за стипендија и навремено доставиле спогодба за користење на зголемен износ на стипендија. Со оваа исплата се надоместува разликата помеѓу стариот и новиот зголемен износ на стипендијата што ја користат, за 5 месеци.

Информираме и дека етапно се реализира исплатата на средства за субвенционирање на патните трошоци за сите студенти кои студираат надвор од местото на живеење и го оствариле правото за користење на оваа антикризна мерка која предвидува месечен надомест до 1200 денари за период од 7 месеци.

 МОН се грижи за студентите и го унапредува студентскиот стандард. Со редовните исплати на финансиските права, младите добиваат голема поддршка и имаат една грижа помалку во текот на образовниот процес.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

АФПЗРР: Примопредавање на должноста Директор помеѓу Директорот Бачовски и новоименуваниот Директор...

0
Денеска во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се изврши примпоредавање на должноста Директор помеѓу Директорот Никица Бачовски и...