HomeОпштиниВелес: Почна театарскиот фестивал на комедија „5ре“

Велес: Почна театарскиот фестивал на комедија „5ре“

spot_img
spot_img

Во преполната сала на велешкиот театар вчеравечер почна третото издание на театарскиот фестивал на комедија „5ре“. Во чест на доајенот на македонското актерство Петре Прличко, овогодинешната награда за животно дело ја доби акетрот Тони Михајловски. Наградата му ја врачи градоначалникот Марко Колев.

Првата фестивалска вечер започна со премиера на велешкиот тетатар Ј.Х.К.Џинот  и маестралната изведба на претставата „Вечера за глупаци“.

Фестивалот „5ре“ ќе трае до 31 март. Љубителите на тетатрската комедија ќе имаат можност да изгледаат уште пет претстави и една детска. Следна на репертоарот е претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар, што ќе се одржи на 22 март.

Извор: Општина Велес

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте