spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДемир Хисар: Проект “10 ЗА ДЕМИР ХИСАР”

Демир Хисар: Проект “10 ЗА ДЕМИР ХИСАР”

Почитувани граѓани на Општина Демир Хисар,

Локалниот економско-социјален совет на Општина Демир Хисар реализира проект 10 ЗА ДЕМИР ХИСАР.

Проектот “10 ЗА ДЕМИР ХИСАР” е поврзан со предизборните активности кои ги реализираат политичките партии во пресрет на парламентарните избори за избор на нова Влада и вклучува утврдување на 10 приоритетнипроекти кои ЛЕСС во соработка со граѓаните, граѓанските организации и здруженија, ќе ги издвои како најприоритетни за реализација на територијата на Општина Демир Хисар, проекти чија реализација ќе/или е во надлежност на централната власт и се директно поврзани со локалниот економско-социјален развој на општината.

Идејата е, во првата фаза ЛЕСС да ги анимира граѓаните, граѓанските организации и здруженија, да дадат свои предлози во оваа насока, а подоцна (во втора фаза), ЛЕСС да ги разгледа,  дополни и да утврди 10 приоритетни проекти за економско-социјален развој на Демир Хисар, чие реализирање е надлежност на централната власт.

 Во последната фаза, ЛЕСС ќе ги повика локалните претставници на политичките партии и кандидатите кои ќе бидат на пратеничките листи (како претставници на  Општина Демир Хисар) и ќе предложи потпишување на “Заедничка делкарација” со која сите страни ќе се обврзат во иднина (без разлика кој ќе биде во власта) да ги преземат сите потребни заложби, мерки и активности за реализација на 10-те приоритетни проекти за развој на Демир Хисар.

За таа цел, Ве повикуваме своите предлози да ги доставите по електронски пат на следнава емаил адреса: lessdhisar@gmail.com до 27.03.2024 година.

Локален економско-социјален совет на Општина Демир Хисар

И

звор: Општина Демир Хисар

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...