spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМЖСПП: Четврт состанок на Заедничкиот управен комитет за Рамка за соработка за...

МЖСПП: Четврт состанок на Заедничкиот управен комитет за Рамка за соработка за одржлив развој на Северна Македонија и ООН

На 4-тиот состанок на Заедничкиот управен комитет за спроведување на Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации  за период од 2021-2025 година, беа презентирани резултатите од спроведувањето на Рамката во 2023 година, заедно со заедничкиот работен план за 2024 година, а се дисутираше и околу следните чекори за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој 2026 – 2030.

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска истакна дека градењето на климатски отпорни заедници преку обезбедување на раст и развој со ниски емисии на  јаглерод треба да е приоритет на глобалната политика и дека се очекува во следниот периодот, придонес на телата на ОН во насока на заштита на медиумите во областа на  здрава животна средина.

– Тоа ќе се реализира преку поддршка на политиките, градење капацитети и активности на заедницата за развој со ниски емисии и мултисекторска отпорност на климатските промени, одржливо и инклузивно управување со природните ресурси, превенција и одговор на заканите од загадувањето на воздухот, ефективно намалување на ризикот од катастрофи, намалување и ефикасно управување со отпадот и намалување на влијанието на неодржливите земјоделски практики врз сливните подрачја, истакна Оџаклиеска во своето обраќање.

2 Четврт состанок на Заедничкиот управен комитет за Рамка за соработка за одржлив развој на Северна Македонија и ООН

Според неа, исполнувањето на глобалните климатски барања претставува значаен предизвик за земјите кои имаат цел да станат дел од европското семејство, а затоа неопходни се инвестициИ во инфраструктурата, создавање политички врски на високо ниво, стимулирање на младинска размена, како и развивање на интегрирани решенија и систематски пристап за да им се помогне на земјите во развој.

На состанокот, воведно обраќањe имаше постојаната координаторка на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџиак.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...