spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБрвеница: Јавен повик за формирање Иницијативен одбор за конструирање на Локално...

Брвеница: Јавен повик за формирање Иницијативен одбор за конструирање на Локално младинско собрание

Општината Брвеница распишува Јавен повик за формирање Иницијативен одбор (ИО)
согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики.


Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се
застапат нивните интереси во креирањето на Локалниот младински совет (ЛМС или Совет/от).
Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и тие членови имаат единствена функција да го
формираат Локалното собрание за млади. Времетраењето на ИО е краткорочно и завршува со
свикување на првото (конститутивното) Локално собрание на млади. Општината е задолжена за
нивна селекција и работата на ИО се координира и помага од службеникот/ката за млади во
Општината.


Улога и задачи на Иницијативниот одбор:

  • Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го
    уредуваат формирањето и работата на ЛМС,
  • Распишување повик за Конститутивното локално собрание на млади во согласност со Статутот на
    Општината по принципот на јавност и транспарентност,
  • Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивното Локално собрание
    за млади.

  • Во ИО може да членуваат младински организации, организации за млади, политички
    подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои
    работат и функционираат на територијата на Општината и сакаат да учествуваат во основањето на Советот.

  • **** Потребни документи:
  • Писмо за намера за учество во Иницијативен одбор
  • Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт-информации,
    Начин на пријавување:

  • Имејл: opstina@brvenica.gov.mk
    Адреса: Ул. ,,Маршал Тито,, Бр.бб Брвеница
    Рок за пријавување: од 29.03.2024 до 04.04.2024 година

Извор: Општина Брвеница

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...