spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Конкурс за доделување на наградата   „РАЦИНОВО ПРИЗНАНИЕ“ ЗА 2024 ГОДИНА

Велес: Конкурс за доделување на наградата   „РАЦИНОВО ПРИЗНАНИЕ“ ЗА 2024 ГОДИНА

Градоначалникот на Општина Велес врз основа на Предлогот од Организацискиот одбор на културната манифестација „61.Рацинови средби“ за објавување конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2024 година, бр.08-1590/4 од 09.04.2024 година објавува:

К О Н К У Р С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА

  „РАЦИНОВО ПРИЗНАНИЕ“ ЗА 2024 ГОДИНА

 

Наградата „Рациново признание“ се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од Република Северна Македонија објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.

Право на учество на конкурсот имаат сите автори и издавачи кои во периодот од јуни 2023 година до мај 2024 година објавиле прозни дела на македонски автори.

Делата се доставуваат во 3 примероци на адреса: Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес со назнака – За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2024 година.

Делата треба да се достават на горенаведената адреса најдоцна до 17.05. 2024 година.

Конкурс „Рациново признание“ 2024

Извор: Општина Велес

Прочитајте

Битола: 23 години од загинувањето на бранителите кај Вејце

0
Битола денес со тага го споменува еден од најтешките настани од поновата македонска историја, кој во масакрот кај селото Вејце, во конфликтот во 2001...