spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Нова фекална канализација на крак 4 на улица „Радушка“

Ѓорче Петров: Нова фекална канализација на крак 4 на улица „Радушка“

Стартуваа градежните работи на улицата „Радушка“ за поставување фекална канализација на крак 4, во должина од 740 метри, со што решаваме уште еден децениски проблем на жителите на Ѓорче Петров.

Проектот е финансиран со средства од Буџетот на Општина Ѓорче Петров во износ од 6 милиони денари.

На увидот присутни беа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник од ИЕ 2 Владо Мисајловски, како и пратеникот Бојан Стојаноски од ИЕ 2 од ВМРО-ДПМНЕ.

-Локалната власт во овој мандат имаше разбирање за проблемите на граѓаните од овој дел на општината, кои долги години бараа санација на ул.„Радушка“ и подземната инфраструктура, веднаш излеговме во пресрет со работа на терен. Во изминатите 2 години, поставени се фекална канализација во должина од 1400 метри и атмосферска канализација во должина од 1091 метри, а на оваа улица работиме и на реконструкција на краци, како и на изградба на нови тротоари и улично осветлување – изјави градоначалникот Стојкоски.

Неодамна стартувавме нова градежна офанзива – отпочнавме со реконструкција на патот од последна „5 “ до гробишта во должина од 470 метри. Проектот е во вредност од приближно 17.400,000 денари, а во завршна фаза е изборот за најповолен понудувач за финалната трета фаза во должина од 1200 метри.

Преку Развојната програма, општината има обезбедено и финансии во вредност од 30.000,000 денари за доизградба на преостанатиот дел од ул. „Радушка“ од патот за гробишта до ул. „4 Јули“ во должина од 1.091 метри, проект кој ќе биде навремено реализиран. Тоа ќе биде последниот градежен чекор со кој целосно завршуваме со процесот на реконструкција на една од најстарите улици во Ѓорче Петров.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Илинден: Ново детско игралиште

0
Дечињата од населбата Илинден од денес добија ново детско игралиште кое се наоѓа во рамки на Домот на култура „Илинден“. Детското игралиште е ново освежување...