HomeОпштиниАрачиново: Берберски услуги за неподвижни стари лица инвалиди и за лица со...

Арачиново: Берберски услуги за неподвижни стари лица инвалиди и за лица со посебни потреби во нивните домови

spot_img
spot_img

За прв пат во Општина Арачиново за социјална заштита на нашите жители започнува успешно да се реализира проектот „бесплатна берберска услуга за граѓаните кои имаат потреба“.

„Берберот на Oпштина Арачиново“, проект инициран од градоначалникот на Општина Арачинво, ќе нуди бесплатни услуги дома за старите неподвижни лица , лица со посебни потреби и инвалидите на целата територија на нашата Општина.

Нашите постари лица кои самите не можат да вршат берберски потреби , можат со сигурност да го уредуваат својот изглед доверувајќи му го тоа на нашиот професионален бербер, кој доаѓа во домовите на сите оние кои претходно имаа вакво барање во Општината.

Општина Арачиново ќе продолжи да им ја врати насмевката на лицето на нашите стари лица, инвалиди и лица со посебни потреби, нудејќи ја оваа услуга која вклучува шишање и потстрижување брада.

Сите оние лица кои припаѓаат на една од горенаведените категории ќе можат да ги добијат услугите со јавување во кол центарот на нашата општина на телефонскиот број 022579803.

#Смеблискудотиештоиматнајмногупотреба

Извор: Општина Арачиново

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија