spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаГрадоначалник Манчев: Од 2021 година си поставив за цел да го изменам...

Градоначалник Манчев: Од 2021 година си поставив за цел да го изменам ликот на општината да се потрудам да ја направам подобро и поубаво место за живот на граѓаните

1. Какви реформи се случуваат во општинската администрација во Босилово?

Реформите во делот на администрацијата се случуваат со законски измени или дополнувања на законите на предлог на Владата или на содветното Министерство. Општината не е во можност да прави класични реформи на администрацијата бидејќи тоа не е во нејзина надлежност но секако може да предлага измени или да дава иницијативи за севкупното подобрување на работењето на јавната администрација како во државна така и во локалната власт.


Сосема друго е прашањето на внатрешната организација на администрацијата во општината каде се трудиме преку Правилникот за систематизација на работните места да направиме максимално професионална и независна локална администрација спремна да одговара на барањата и потребите на граѓаните од нашата општина.

2. Што се предвидува и следува со Колективниот договор во општина Босилово, какви идеи и проекти имате за подобрување на работните услови за вработени?

При крајот на 2022 година склучивме Колективен договор меѓу Синдикатот на УПОЗ (централата во Скопје), општина Босилово претставувана од мене како градоначалник и одговорно лице на општината и синдикалната организација на УПОЗ формирана во општината (ја сочинуваат сите вработени во администрацијата и техничкиот персонал).
Со колективниот договор се уредуваат правата, обврските и одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените во општина Босилово.


Со колективниот договор се уредуваат поголеми и поповолни права од правата предвидени со Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Законот за инспекциски надзор, Законот за работните односи и други закони.


Синдикалната организација при Општина Босилово која е потписник на овој колективен договор учествува со свој претставник во процесот на спроведување на вертикална функционална анализа, изготвување на правилниците за внатрешна организација и систематизација на работните места, како и на нивните измени и дополнувања.


Со овој договор се уредуваат правата и обврските на вработените во однос на дополнителната работа, работното време, платено отсуство, неплатено отсуство, користењето на работните паузи, годишни одмори, додатоци на плата и сл.

3. Дали ќе воведете награда за најдобар административен службеник и најдобар млад административен службеник во тековната година?

Досега не сме доделиле вакви награди на административните службеници. Вреднувањето на трудот на вработените како и нивното непосредно залагање при исполнувањето на работните задачи се остварува преку ГОДИШНОТО ОЦЕНУВАЊЕ на административниот службеник предвиден на начин и во форма согласно Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници.


Врз основа на податоците од оценувањето во текот на повеќе години согласно законот се предвидуваат поволности и награди за вработениот кој особено се истакнува во работењето.
 
4.Како и дали треба да се направи реорганизација во општина Босилово, кои се вашите мерки и идеи?

Општина Босилово е мала рурална општина со релативно мал број на вработени административни службеници кои се сосема доволни и одговараат на постојниот обем на работа.


Општината има Правилник за систематизација на работните места каде што вработените се поделени по одделенија согласно своите кфалификации и стручни знаења.


Сметам дека постојната организација на работните места, вработените и нивниот распоред е сосема доволен и одговара на работните обврски, обемот на работа и задовлувањето на потребите на граѓаните од општината.

5. Дали и на кој начин ќе ја поттикнете спортската и хуманата страна на вработените во општина Босилово ?

Вработените во општината кои сакаат да спортуваат во слободното време можат да ги користат спортските објекти на отворено кои постојат речиси во секое населено место во општината. Исто така во зимскиот период на располагање им е и училишната спортска сала на ООУ „Кирил и Методија„ с. Иловица.


Хуманитарната страна вработените во општината ја покажуваат на повеќе начини и тоа: крводарителски акции, еколошки акции и сл.

6. Кои се вашите клучни проекти што ги направивте во досегашниот мандат како градоначалник ?

Со започнувањето на функцијата градоначалник на општина Босилово од 2021 година си поставив за цел да го изменам ликот на општината да се потрудам да ја направам подобро и поубаво место за живот на граѓаните.


И покрај бројните потешкотии заедно со вработените во општината успеавме да реализираме голем број на проекти кои во голема мера допринесоа да се подобри локалната инфраструктурата во повеќе области во сите населени места во општината. Успеавме да реализираме голем број на проекти со национално кофинансирање но исто така и голем број на проекти финансирани со средства од Европската Унија особено од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија.

Клучни проекти реализирани по области:

1.Локална патна инфраструктура

Изградба (комплетна реконструкција) на локалниот пат Турново -Иловица
Изградба (комплетна реконструкција) на локалниот пат Еднокуќево – спој со магистрален пат А4
Локални улици во сите населени места во општината (во вкупна должина од 6.500 метри).


2.Водовод


Изградба на дел од водоводниот систем за водоснабдување на населеното место Гечерлија
Во соработка со МЖСПП и ЕИБ во тек се последните подготовки околу потпишување на договор и објавување на тендерската постапка за изградба на сосема нов водоводен систем за селата Иловица и Штука.


3.Заштита на животната средина


Изградба на одводни бетонски канали за атмосферски води во населените места Босилово, Моноспитово и Бориево,
Набавка на ново возило-камион за собирање и транспортирање на комуналниот отпад во општината.
4.Образование, култура и спорт
Изградба на спортско игралиште во с. Робово
Изградба на спортско игралиште во с. Моноспитово
Изградба на спортско игралиште во с. Радово
Во тек е реконструкцијата и обновата на училишната зграда на ООУ „Кирил и Методија„ с. Иловица и подрачното училиште во с.Секирник

И покрај големиот број на реализирани проекти и успешно решавање на голем број од локалните проблеми на граѓаните од општина Босилово сепак остануваат за реализација голем број на проектни активности кои планираме да ги спроведеме во текот на наредната година.

7. Дали ќе имате партиски реваншизам и отпуштање на административните службеници и вработените во општина Босилово по основ на политичка партија и на кој начин ќе гарантирате дека нема да се случи?

Во општина Босилово досега немаме случај на партиски реваншизам и отпуштање на административен службеник.


Вработените во општината не трпат никаков мобинг, реваншизам или друг вид на притисоци по основ на политичка припадност.


Јавноста ова сосема добро го знае во поглед на оваа прашање и јас сум сигурен дека ниту во иднина нема да се случува.

8. Дали ќе им дадете вистинското значење, дејствување и положба на синдикатот во општина Босилово за унапредување и заштита на работничките права?

Општината ги создава сите услови за работа на синдикалната организација при општина Босилово, во врска со заштитата на правата на вработените од работниот однос, утврдени со законот и колективениот договор.


На барање на синдикалната организација, обезбедуваме и овозможуваме стручни, административни и технички услови за работа на синдикалната организација заради остварување на синдикалните функции, како:
умножување и печатење на материјали;
користење на службено возило;
телефон со излезна и интерна линија;
интернет; простор за одржување на синдикални состаноци и други услови неопходни за функционирање на синдикалната организација.


Доколку постојат финансиски можности и кога општината од сопствени примања има паричен приход, може од приходот да издвои средства како финансиска поддршка за синдикалните потреби и активности по претходно доставено барање.

9. Дали ќе овозможите едукација и усовршување на административните службеници и вработените во општина Босилово  преку размена на проекти програми и семинари и доколку е ДА на кој начин?

Општината може да учествува во трошоците за едукација и обука, културни манифестации и спортски игри и средби кои ги организира синдикалната организација.


Исто така општината при организирање на најразличен вид на предавања, семинари или други стручни предавања испраќа дел од свои вработени согласно работното место и стручните квалификации.


Исто така и класичните обуки за одреден проблем или нова законска измена не се пропуштаат и вработените задолжително ги посетуваат и се обучуваат за новонастаната состојба.

10. Колку капитални проекти предвидувате, колку домашни и странски инвестиции ќе донесете и колку нови работни места ќе отворите во општина?

Општината се грижи и допринесува за инвестирање и забрзан локален економски развој.


За извршување на дејности од областа на лесната и незгадувачката индустрија општината има урбанизирано посебна зона за таа намена која се простира во КО Робово покрај магистралниот пат А-4. Во оваа индустриска зона веќе се изградени и првите објекти и истата претставува атрактивна локација за привлекување како на домашни така и на странски инвеститори.


Се надеваме дека во наредниот период ќе почне да се зголемува бројот на ново изградени индустриски капацитети кои сигурно ќе допринесат за нови вработувања и воопшто за подобрување на бизнис климата во општина Босилово.

Извор: Javnaadmistracija.mk

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...