HomeОпштиниБитола: Асфалтирање на улиците во Горно Оризари

Битола: Асфалтирање на улиците во Горно Оризари

spot_img
spot_img

Општина Битола активно работи на подобрување на патната инфраструктура во сите делови на општината. Во тек е асфалтирањето на улиците во Горно Оризари, каде се реализира проектот за реконструкција на 10 краци, во должина над 2 километри, на кои покрај новиот коловоз, се врши реконструкција и на канализационата мрежа и се поставуваат нови водоводни приклучоци. Вкупната инвестиција за овој проект изнесува над 44.000.000 денари.

Вкупната должина на коловозот изнесува 2028,27 метри за што општината инвестира 23.939.792 денари, а екипите на Нискоградба ја реконструираат канализационата мрежа на трасата од 2504 метри, со вредност од 18.717.159 денари. За водоводната мрежа и околу 107 приклучоци, со ангажираност на екипите на ЈКП Водовод, се инвестираат 1.706.663 денари.

Со реализацијата на овој голем инфраструктурен проект, кој се работи со задоволителна динамика, значително ќе се подобрат условите за жителите на Горно Оризари.

Извор: Општина Битола

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија