HomeОпштиниБитола: Реконструкцијата на улицата Индустриска

Битола: Реконструкцијата на улицата Индустриска

spot_img
spot_img

Започна реконструкцијата на коловозот на ул.„Индустриска“, на потегот од влезот во населбата Боримечка, до мостот на реката Курделес.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, заедно со дел од советниците во Советот на општина Битола, извршија увид во градежните активности на терен.

На потегот во должина од 168 метри, ќе се изведува коловоз со ширина од 6 метри и тротоар од 1,5 метри.

Вредноста на инвестицијата во овој проект е 2.454.000 денари.

Подобрувањето на патната инфраструктура во овој дел од градот е многу значајно, особено за жителите на населбата Боримечка.

Извор: Општина Битола

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија