HomeОпштиниГази Баба: Одбележување на Денот на згрижувањето во СОС Детско Село –...

Гази Баба: Одбележување на Денот на згрижувањето во СОС Детско Село – Поддршка што создава иднина!

на одбележувањето на Денот на згрижувањето во СОС Детското село, присуствуваше градоначалникот Бобан Стефковски, еден од најважните партнери на Општина Гази Баба кога станува збор за грижата, поддршката и развојот на децата и младите кои растат без родителска грижа или во социјален ризик.

Овој настан беше особено значаен, бидејќи свечено го пуштивме во употреба Центарот за психолошко советување и специјално образование со рехабилитација, важен ресурс кој ќе обезбеди стручна помош и поддршка за децата и младите кои се соочуваат со различни предизвици.

Центарот е финансиран од Германското сојузно министерство за економска соработка и развој, во партнерство со HGFD – Германија, а со силна и континуирана поддршка од Oпштина Гази Баба.

За нас, СОС Детско Село не е само институција – тоа е срце на хуманоста во нашата општина. Со својата долгогодишна посветеност на децата и младите, ова село претставува безбедно прибежиште, но и основа за иднина исполнета со шанси, образование, љубов и поддршка.

Вистинскиот напредок не се мери само со инфраструктура и економски показатели – туку со тоа како се грижиме за најранливите во нашето општество. Поддршката на вакви проекти за нас е морална обврска, но и приоритет во политиките на одржлив и инклузивен развој.

На свеченоста присуствуваа и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски , како и градоначалниците Дејан Митески на Општина Аеродром и Борче Митевски на Општина Петровец.

Заеднички ја потврдивме важноста на меѓуинституционалната соработка во поддршката на социјалната грижа.

Веруваме дека секое дете заслужува љубов, стабилност и можности за напредок. СОС Детско Село и понатаму ќе ја има целосната поддршка од Општина Гази Баба во таа мисија.

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте