HomeОпштиниГази Баба: Средба со претседателот на Падел Федерација на Македонија – Мартин...

Гази Баба: Средба со претседателот на Падел Федерација на Македонија – Мартин Стефановски

spot_img
spot_img

Во просториите на Општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски оствари средба со Мартин Стефановски, претседател на Падел Федерација на Македонија.

На средбата разговараа за можностите за соработка во насока на унапредување на спортската инфраструктура, при што особено се разгледуваа потенцијални локации за изградба на современ падел центар на територија на нашата општина.

Како локална самоуправа, цврсто веруваме дека инвестициите во спортот се инвестиции во иднината – во здравјето, воспитувањето и развојот на младите генерации. Создавањето услови за активен и квалитетен живот е еден од нашите приоритети, а спортот има клучна улога во таа насока.

Изградбата на падел центар би значела не само промоција на овој модерен и се попопуларен спорт, туку и нова можност за нашите граѓани – посебно за младите – да се вклучат во здрави, организирани и забавни активности.

Ќе продолжиме посветено да работиме на развој на спортот во Гази Баба, како темел за посилно, поздраво и пообединето општество.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте