HomeОпштиниГази Баба: Неделен билтен на тековни активности за почиста општина – Јавно...

Гази Баба: Неделен билтен на тековни активности за почиста општина – Јавно Комунално Претпријатие ,,Гази Баба 2007“

И оваа недела екипите на ЈКП „Гази Баба 2007“ продолжија со реализација на теренските активности за уредување и заштита на јавниот простор во нашата општина. Тимовите работеа синхронизирано и интензивно на повеќе локации низ општината, со јасна цел одржување на чиста, зелена и уредена Гази Баба.

И оваа недела работните задачи се одвиваа:

КОСЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ И ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ ВО:

– Хиподром 2

– Хиподром кај ООУ „Вера Јоциќ“

– н. Триангла и н.Маџари на Ул. Жан Жорес, кај Кожара и Годел.

Апел до сите жители: Да ги чуваме тревниците – тие се белите дробови на нашата општина. Не газете по свежо покосени површини и не фрлајте отпадоци на несоодветни места.

КАСТРЕЊЕ И СОБИРАЊЕ НА ГРАНКИ ЕКИПИТЕ ВРШЕА ВО:

– Ченто кај последна 45-ка

– Мостот Маџари

– Хиподром

– Стара 50-ка кај амбуланта Маџари

– Триангла

– Хиподром

– Кадриово Маало

– Колонија

– Железара

– Автокоманда во ООУ „Стив Наумов“

Апел до сите жители: Внимателно паркирајте и слободен пристап околу дрвјата – безбедноста и ефикасноста зависат и од вас.

РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДИВИ ДЕПОНИИ ИЗВРШИЈА ВО:

Стајковци

– Ченто кај последна 45-ка и Ханибал

– Автокоманда мак ветеринарна амбуланта

– Шмеки

– Маџари кај стара 50-кај амбулантата и кај пругите до пошта

– Триангла (црква)

– Хиподром

– Железара зад фудбалското игралиште

– Кадриово Маало

– Колонија

– Кожара

– Караорман

– Смилковци

Апел до сите жители: Дивите депонии го нарушуваат здравјето и сликата на општината. Пријавувајте несовесно складирање на отпад – чистотата ни е заедничка одговорност.

РАБОТИЛНИЦА – ОПРЕМА ЗА УРБАНА ОПРЕМА:

– Изработка на нова модерна опрема

– Репарирање на постоечка инфраструктура

Апел до сите жители: Урбаната опрема не е потрошен материјал – клупите, корпите и заштитните елементи се дел од нашето секојдневие. Почитувајте го јавниот простор.

МЕТЕЊЕ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ ЕКИПИТЕ ИЗВРШИЈА ВО:

– Хиподром 2

– Маџари наУл. Жан Жорес, Кожара и кај Годел

Апел до сите жители: Хигиената започнува од секој поединец. Отпадот треба да се складира на соодветно место!

ЈКП „Гази Баба 2007“ останува секојдневно на терен, со јасна цел – Гази Баба да биде општина на ред, хигиена и зелени површини.

Вашата соработка и подршката ни е од голема важност.

ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте