HomeОпштиниГази Баба: Увид на градежните активности што се одвиваат во Основното општинско...

Гази Баба: Увид на градежните активности што се одвиваат во Основното општинско училиште „25 Мај“

spot_img
spot_img

Денес градоначалникот Бобан Стефковски изврши увид во градежните активности што се одвиваат во Основното општинско училиште „25 Мај“ во населбата Сингелиќ, каде што во тек е целосна реконструкција на санитарните јазли и тоалетите.

Овој проект е дел од нашата стратешка заложба:

– да ги користиме летните месеци максимално продуктивно,

– да вложуваме во инфраструктурата кога учениците се на распуст,

– и да обезбедиме подобри, похигиенски и достоинствени услови за нашите деца, наставници и целата училишна заедница.

Во училиштето „25 Мај“, по завршувањето на работите, ќе имаме целосно нови тоалети, со современа опрема, нова инсталација, ѕидна и подна обнова, што ќе значи и повисок стандард за основното образование во нашата општина.

Паралелно со ова, во текот на летото се реализираат градежно-занаетчиски интервенции и подобрувања во повеќе основни училишта низ Гази Баба.

Работиме тивко, но решително.

Нашата визија е јасна: учениците во септември да ги пречекаат подобри услови, топли училници, функционални тоалети и обновени простории.

Продолжуваме!

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте