1. Какви реформи се случуваат во општинската администрација во Ресен?
Во Општина Ресен е направена функционална анализа за потребите и подобрување на ефикасноста и ефективноста на општината. Воведени се политиките на интегритет чија цел е да се промовира интегритет на политичко и на административно ниво, како основа за поттикнување на етичко однесување, отпорност кон корупција, создавање на услови за општествен развој, учество на граѓаните во одлучувањето за локалните потреби и интереси и поголема доверба на граѓаните во Општина Ресен. Исто така се назначени лице и заменик лице за интегритет , како и лице за внатрешно пријавување од укажувачи.

2. Што се предвидува и следува со Колективниот договор во општина Ресен, какви идеи и проекти имате за подобрување на работните услови за вработени?
Со колективниот договор ќе се уредуваат и доуредуваат правата, обврските и одговорностите на вработените на Општина Ресен, како и условите и начинот на остварување на правата и обврските од работен однос, во согласност со законот.
3. Дали ќе воведете Награда за Најдобар административен службеник и Најдобар млад административен службеник во тековната година?
Немаме планирано доделување на награда за најдобар административен службеник и за најдобар млад административен службеник за тековната година.

4. Како и дали треба да се направи реорганизација во општина Ресен, кои се вашите мерки и идеи?
Реорганизација е направена со тоа што е донесен нов правилник за внатрешна организација на работните места во Општина Ресен исто така е спроведена функционална анализа која престставува алатка за управување со промени односно анализа која има за цел да ги индентификува главните карактеристики на постојаната организациска структура и функционирањето на институцијата во целина со цел да се предложат конкретни мерки за подобрување на ефикасноста е ефективноста на институцијата.
5. Дали и на кој начин ќе ја поттикнете спортската и хуманата страна на вработените во општина Ресен?
Може да се поттикне спортската и хуманитарната страна на вработените во Општина Ресен со организирање на спортски активности вон работно време со организирање на хуманитарни настани во кои учество ќе земат вработените во општината а Општина Ресен е отворена и транспарентна за секој граѓанин на Ресен и Преспа и помага во рамките на нејзините можности

6. Кои се вашите клучни проекти што ги направивте во досегашниот мандат како градоначалник ?
Имаме повеќе клучни проекти кои се реализирани , некои се отпочнати и во тек:
ЕУ за Преспа кој повик вклучува повеќе проекти кои се во тек и кои опфаќаат изградба на 6 канализациони мрежи на крајбрежјето на Преспа со пречистителни станици за истите.
Започнување на градежните активности на царинските згради на граничниот премин Маркова Нога.
Реконструирање на старата зграда на пожарната и нејзина пренамена во центар за културно и историско наследство на Ресен и Преспа.
И повеќе инфраструктурни проекти како асфалтирање на улици и водоводни мрежи.
Отпочнување на проекти за заштита на животната средина.

7. Дали имате партиски реваншизам и отпуштање на административните службеници и вработените во општина Ресен по основ на политичка партија и на кој начин ќе гарантирате дека нема да се случи?
Во Општина Ресен нема партиски реваншизам и не се случува и нема да се случува, тоа го гарантираме, секој службеник кој си ги извршува работните задачи совесно и одговорно нема потреба да биде отпуштен без разлика на неговата партиска определеност.
8. Дали ќе им дадете вистинското значење, дејствување и положба на синдикатот во општина Ресен за унапредување и заштита на работничките права?
Секако, Општина Ресен дава вистинско значење , дејствување и положба на синдикатот.
9. Дали ќе овозможите едукација и усовршување на административните службеници и вработените во Општина Ресен преку размена на проекти програми и семинари и доколку е ДА на кој начин?
ДА со организирање на работилници и семинари од страна на Општина Ресен и посета на вработените на истите, како посета на службениците на обуки, семинари и работилници организирани од други организации.

10. Колку капитални проекти имате до сега, колку домашни и странски инвестиции се донесени и колку нови работни места имате и ќе отворите во општина Ресен?
Од вкупно 150 реализирани и одобрени проекти , реализирани и одобрени се 35 капитални проекти во Општина Ресен, од нив странски 15, домашни 20 .

Извор: Javnaadministracija.mk























