Денес градоначалникот Бобан Стефковски изврши увид во градежните активности што се одвиваат во Основното општинско училиште „25 Мај“ во населбата Сингелиќ, каде што во тек е целосна реконструкција на санитарните јазли и тоалетите.

Овој проект е дел од нашата стратешка заложба:
– да ги користиме летните месеци максимално продуктивно,
– да вложуваме во инфраструктурата кога учениците се на распуст,
– и да обезбедиме подобри, похигиенски и достоинствени услови за нашите деца, наставници и целата училишна заедница.
Во училиштето „25 Мај“, по завршувањето на работите, ќе имаме целосно нови тоалети, со современа опрема, нова инсталација, ѕидна и подна обнова, што ќе значи и повисок стандард за основното образование во нашата општина.

Паралелно со ова, во текот на летото се реализираат градежно-занаетчиски интервенции и подобрувања во повеќе основни училишта низ Гази Баба.

Работиме тивко, но решително.
Нашата визија е јасна: учениците во септември да ги пречекаат подобри услови, топли училници, функционални тоалети и обновени простории.
Продолжуваме!
Извор: Општина Гази Баба























