HomeОпштиниИлинден: Известување

Илинден: Известување

spot_img
spot_img

Општина Илинден ги известува жителите дека во изминатиот период до општината пристигнаа повеќе пријави од граѓани кои го користат патниот премин на железничката пруга што се наоѓа во населеното место Илинден, м.в. Плац, за нефункционирање на рампите и сообраќајната сигнализација на железничкиот премин.Станува збор за многу фреквентен локален пат кој секојдневно се користи за сообраќај кон Општина Гази Баба и кон меѓународниот автопат Е-75, како од граѓаните, така и од страна на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие кои вршат превоз на патници кон и од градот Скопје за повеќе населени места во Општина Илинден.

Поради зголемената опасност по безбедноста на учесниците во сообраќајот, Општина Илинден упати известување и барање до Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Република Северна Македонија, со цел во најкраток можен рок да се изврши проверка и санација на дефектот на рампите и сигнализацијата, со што ќе се овозможи безбеден и непречен сообраќај на оваа локација.Општина Илинден и понатаму ќе продолжи активно да реагира и да постапува по сите пријави и барања на граѓаните, со единствена цел подобрување на безбедноста и квалитетот на животот на сите жители.

Извор: Општина Илинден

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте