HomeUncategorizedОхрид: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ ПРОТОКОЛАРНА СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА Н.Р. КИНА ВО...

Охрид: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ ПРОТОКОЛАРНА СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА Н.Р. КИНА ВО МАКЕДОНИЈА, Н.Е. ЏИЈАНГ СЈАОЈАН 

spot_img
spot_img

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на Н.Р. Кина, Н.Е. Џијанг Сјаојан која беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

На средбата беше разговарано за можностите за зајакнување на заедничката соработка во повеќе општествени сфери, пред се во делот на туризмот, економијата и културата. Градоначалникот Пецаков ја информираше амбасадорката дека од година во година се зголемува бројот на туристи кои го посетуваат Охрид и изрази надеж дека ваквата тенденција ќе продолжи и во иднина и дека бројот на туристи од Кина исто така ќе биде зголемен.

Соговорниците ја потенцираа и важноста на културната размена и можноста за гостување на уметници од Кина на фестивалот Охридско Лето.

Извор: Општина Охрид

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте