HomeОпштиниБитола: Продолжува соработката со националната мрежа против насилство врз жените и семејно...

Битола: Продолжува соработката со националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

spot_img
spot_img

Градоначалниникот на Битола Тони Коњановски заедно со претседателката на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола, Марина Крстиќ имаа средба со извршната директорка на Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Глас против насилство”, Елена Димушевска. На средбата се разговараше за продолжување на досегашната соработка и овозможувањето поголема грижа за жртвите на семејно насилство.

Општина Битола продолжува да обезбедува континуирана финансиска поддршка од 1 милион денари за советувалишниот центар за жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство, се со цел непречено функционирање на центарот, каде што жртвата добива психолошка поддршка, кариерно советување и правна помош.

Националната мрежа „Глас против насиство” ја има обврската за раководење со советувалишниот центар согласно стандардите за работа на советувалишните центри за жртви на семејно насилство усвоени од Министерството за труд и социјална политика.

Претставниците на општината и Националната мрежа, денеска го посетија советувалишниот центар во Битола, кој има нова локација и се наоѓа на улицата „Пеце Матичевски” 77/1.

Покрај оваа соработка, Општина Битола реализира и програми за спречување на родово – базирано насилство, како дел од пошироките иницијативи за заштита на жените и децата. Главните мерки вклучуваат едукација и сензибилизација на јавноста, обуки за службениците, како и соработка со НВО и други институции за обезбедување помош и поддршка на жртвите.

Извор: Општина Битола

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте