Известување Поради одвивање на градежни активности од страна на Општина Куманово – реконструкција на ул.„425“ во населба Иго Тричковиќ,се известуваат граѓаните дека општинскиот линиски превоз на патници на релација 8. БЕДИЊЕ – с.ТРОМЕЃА (ФЗЦ нова, ул.11-ти Ноември, ул.Индустриска, ул.11-ти Октомври, бул.3-та МУБ, ул.Гоце Делчев, ул.Доне Божинов, бул. Октомвриска Револуција, ул.Ѓорче Петров, ул.Михајло Пупин, ул.Веселин Маслеша, Р-1204, пат за с.Тромеѓа) ќе се одвива до и од автобуско стојалиште Бензинска Станица Роси Петрол, кое се наоѓа на дел од Регионален пат Р-1204 врска со А2. Ваквата промена ќе трае се додека не се обезбедат услови за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот на ул.„425“ (пат за с.Тромеѓа).
Извор: Општина Куманово
































