Во име на Општина Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка, со претставник на Здружението на граѓани ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ од Скопје, Лилјана Поповска.
Предмет на овој меморандум е соработката на Општина Куманово со ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ, како носител на проектот “Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните”, во соработка со Националното здружение на сопственици на приватни шуми, поддржан со Партнерски грант ЦМ-ПГ-2 од Цивика Мобилитас, како проект на Владата на Швајцарија, што го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.
Целта на проектните активности е да се придонесе кон транзицијата “нула отпад” општина, преку системско подобрување на управувањето со биоотпадот, со што би се намалило загадувањето и ризиците од пожари во населбите и шумите, а би се зголемила ефикасноста на ресурсите и би се поттикнала циркуларната економија.
Проектот се спроведува во 4 пилот општини: Куманово, Берово, Кавадарци и Радовиш.

Извор: Општина Куманово























