HomeОпштиниКуманово: ,,Срце за 63 светлини” – во спомен на трагично згаснатите животи

Куманово: ,,Срце за 63 светлини” – во спомен на трагично згаснатите животи

Граѓаните на Куманово достоинствено оддадоа почит и поддршка до семејствата на 63-те ангели, кои настрадаа во пожарот минатата година, во дискотеката “Пулс”, во Кочани.На градскиот плоштад се одвиваа активности преку целиот ден, во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, со поддршка на Општината. Во спомен на жртвите се палеа свеќи, со молитва и надеж никогаш да не се повтори ваква трагедија. Во вечерните часови светлата на градскиот плоштад симболично се изгасија на 63 секунди. Насобраните граѓани, ученици од општински училишта и членови на балетски студија, направија ѕвездено небо со тивка позадина на класична музика, бели рози и бели балони, кои беа пуштени во етер.На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и претставници од општинската администрација.

Извор: Општина Куманово

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте