HomeОпштиниЦентар: Општина Центар ја спроведе пролетната дератизација, опфатени 2 000 шахти на...

Центар: Општина Центар ја спроведе пролетната дератизација, опфатени 2 000 шахти на целата територија

Општина Центар ја заврши редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од активностите за одржување високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите.

Во рамки на акцијата беа опфатени околу 2.000 шахти, со поставување специјални препарати за контрола и уништување на глодари. 

Дератизацијата се реализира два пати годишно – во пролет и во есен, како превентивна мерка за планско намалување на популацијата на глодари и заштита на јавното здравје.

„Со превентивна и систематска дератизација придонесуваме кон планско сузбивање на штетните глодари кои можат да претставуваат здравствен и хигиенски ризик“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Извор: Општина Центар

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...