HomeОпштиниОхрид: ОТВОРЕН СПОМЕН ПАРК НА ХЕРОИТЕ ВО ОХРИД 

Охрид: ОТВОРЕН СПОМЕН ПАРК НА ХЕРОИТЕ ВО ОХРИД 

Со поддршка  на Општина Охрид во Касарната „Михајло Апостолски“ беше свечено отворен Спомен паркот посветен на хероите од Шестата Македонска бригада и Генералот Михајло Апостолскии.

На настанот присуствуваа Претседателите   на Здружението на ветерани од областа на одбраната и безбедноста на Р. Македонија и од охридскиот огранок проф. д-р Темелко Ристески и  Добре Велјаноски, Претседателот  на Генерал штабот на АРМ, претставници од  АРМ и МВР, од Воената академија, претставници од дипломатскиот кор и градоначалници од неколку македонски градови.

Пред присутните се обрати Заменик градоначалникот на Охрид, Ана Крстеска.

– Дозволете да го изразам моето огромно задоволство што денес сме домаќини на овој  настан после  кој важно катче  во Охрид   станува Спомен паркот посветен на хероите кои своите животи ги вградија во темелите на солободна и независна Македонија.   

Спомен паркот ќе биде одраз на нашата почит кон историските горостаси кои беа дел од Шестата македонска бригада   и  генерал Михајло Апостолски.  На овој начин ние  постојано, а не само еднаш годишно   ќе се потсетуваме на  случувањата од далечната  1992 година кога се формира Генералштабот, Шестата  пешадиска бригада, касарната го доби името на  Генерал Михајло Апостолски, а пристигна и првиот регрут во Охридскиот Гарнизон од АРМ, велешанецот Панче Јамандиев.  

На ваков начин ја оддаваме нашата должн почит кон хероите кои ги испишаа најсветлите страни од нашата историја и станаа симбол за она што значи љубов и преданост кон својата татковина, верба дека она што сме го добиле од претходните генерации треба како светост и  светлина во очи да го чуваме и предаваме на идните генерации,  а тоа е слободна  суверена Македонија со свој јазик, култура и традиции. 

Денес сме слободни и чекориме напред под сино слободно небо, го градиме и разубавуваме Охрид, создаваме подобри услови за нас и нашите деца кои својата иднина треба да ја живеат и градат во  нашата држава. Горди на она што сме и кои сме цврсто чекориме во нашата убава татковина не заборавајќи на храброста на борците и безбедносните структури кои се бессмртен пример за патриотизам и светол потсетник за цената на слободата- подвлече Крстеска.

Организатор на настанот беше Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Р. Македонија.

1000050751
1000050750
1000050749
1000050754
1000050746
1000050753
1000050752
1000050747
1000050744
petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте