HomeОпштиниКуманово: Се продолжува да промовираат здрави навики во рамки на Европска...

Куманово: Се продолжува да промовираат здрави навики во рамки на Европска недела на спортот

Општина Куманово се приклучи кон одбележувањето на Европската недела на спортот, која се реализира од 23 до 30 септември 2026 година под мотото #BeActive – „Активирај се!“.

Кампањата, координирана преку Министерството за спорт, се реализира во повеќе од 40 европски земји, со цел поттикнување на физичката активност, спортот и здравите животни навики кај граѓаните од сите возрасни категории.

Во рамките на активностите во Куманово се реализираа активности со учество на граѓани од различни генерации, со што беше испратена порака дека спортот и физичката активност се важен дел од здравото и квалитетно секојдневие.

Во одбележувањето се приклучија и Здружението на пензионери Куманово и Домот за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово, потврдувајќи дека активниот начин на живот е значаен во секоја животна возраст.

Европската недела на спортот се одбележува во сите 80 општини во државата, со активности насочени кон поттикнување на граѓаните да бидат физички активни, да спортуваат и да се грижат за своето здравје.

Извор: Општина Куманово

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте