Општина Струмица и оваа година се приклучува кон Европската недела на спортот, иницијатива која со години ја подигнува свеста за значењето на физичката активност, здравите навики и активниот начин на живот.

Денешниот настан во Струмица беше во знакот на велосипедизмот и одржливата мобилност – со порака за поголемо користење на велосипедот, велосипедските патеки и превозните средства кои придонесуваат за подобро здравје и почиста животна средина.

Во активностите беа вклучени ученици, професори и директори од сите основни и средни училишта во градот:
ООУ „Сандо Масев“
ООУ „Маршал Тито“
ООУ „Видое Подгорец“
ООУ „Никола Вапцаров“
СОУ „Јане Сандански“
ДСУ – РЦСОО „Никола Карев“
СОУ „Димитар Влахов“

Со ваквите активности испраќаме јасна порака дека секое движење се брои – за поздрави навики, поактивна заедница и почиста Струмица.
Извор: Општина Струмица























