HomeОпштиниАеродром: Рок за пријавување за еднократната парична помош за првачиња

Аеродром: Рок за пријавување за еднократната парична помош за првачиња

Рокот за пријавување за еднократната парична помош од 3.500 денари за секое прваче во Општина Аеродром истекува во среда, 30 септември.

Општина Аеродром и оваа година продолжува со поддршката за семејствата, обезбедувајќи еднократна финансиска помош за секое прваче запишано во основно училиште на територијата на Општина Аеродром.

Потсетуваме дека за остварување на правото потребно е во архивата на Општина Аеродром да се достават:

  • Потврда за запишан ученик во прво одделение, заверена од основното училиште на територијата на Општина Аеродром или од основно училиште со ресурсен центар;
  • Фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето;
  • Фотокопија од лична карта или патна исправа на барателот со адреса на живеење во Општина Аеродром;
  • Фотокопија од трансакциска сметка.

Образецот за пријава и изјавата за согласност за обработка на лични податоци можете да ги преземете на веб-страницата на Општина Аеродром: chrome-extension://efaidnbmnnnibpcajpcglclefindmkaj/https://aerodrom.gov.mk/…/Baranje-prvace-2026-2027-so

Извор: Општина Аеродром

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте