HomeОпштиниАеродром: Градежни зафати во ООУ „Лазо Ангеловски“ - Летниот распуст го користиме...

Аеродром: Градежни зафати во ООУ „Лазо Ангеловски“ – Летниот распуст го користиме за подобри услови

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески го посети ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, каде што во тек се градежни активности за побезбедна, пофункционална и помодерна училишна средина. Се демонтираат застарените дрвени панели од ѕидовите во ходниците, со што училиштето добива посовремен изглед и се подобрува безбедноста на просторот.

Истовремено, се прошируваат училниците за да им се овозможат подобри услови за настава на учениците и наставниот кадар.

За првпат се уредува и современ кабинет по информатика и технологија, што ќе им овозможи на учениците да стекнуваат знаења во услови што ги следат современите образовни стандарди. Исто така, целосно се модернизира и обезбедува влезот во училишната кујна.

Образованието останува еден од нашите најважни приоритети. Продолжуваме да инвестираме во училиштата, затоа што секое дете заслужува безбедно, современо и инспиративно место за учење.

Извор: Општина Аеродром

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Карпош: Отворен ден во општината

0
Ве покануваме на Отворен ден во Општина Карпош! Во среда, 29 јули 2026 година, од 13:00 до 17:00 часот, повелете во Хол на Општина Карпош...