Современа и модерна сообраќајна инфраструктура е основен предуслов за поттикнување на развојот на општините.
Низ годините, запоставено беше вложувањето во изградба и обнова на локалната патна инфраструктура.
Три години посветено работиме на изградба на нови патишта а истовремено и на реконструкција на постоечките коловози.
Оваа градежна сезона ја започнавме одовде од населбата Дексион со реконструкција на три улици. Денеска се асфалтираат Островска и Драговити во должина од 400 метри, а во периодот кој следи ќе се асфатираат уште десетина улици во урбаниот дел на Ѓорче Петров во должина од 4 километри.
Преку Министерството за транспорт и врски обезбедени се средства за реконструкција на Кузман Шапкарев која претставува една од главните артерии во Дексион.
Jавната набавка за избор на најповолен изведувач за улица Лука Геров е во финална фаза, при што Градот Скопе ќе пристапи кон реконструкција на главнаат сообраќајница која ги поврзува урбаниот со руралниот дел на Ѓорче Петров.
Паралелно, ќе се изведуваат и градежни работи во руралниот дел на општината.
Инвестициите во Ѓорче Петров не застануваат без разлика на состојбите што беа и оние што следуваат.
Продолжуваме Посветено за Ѓорче
Извор: Општина Ѓорче Петров