ЈП ,,Улици и патишта“ ја санират патеката долж кејот на Вардар. Се поставуваат бехатон плочки на површина од 100 м2 кои беа извадени од несовесни граѓани. Украдена е една клупа и откорнати се три корпи за отпадоци.
Апелираме на поголема свесност и одговорност !
Да ги зачуваме овие места за дружење и рекреирање на децата, младите и возрасните. Сите одговорно да се грижиме за животната средина!
Извор: Општина Ѓорче Петров