spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Градоначалникот Шилегов на средба со градоначалникот на Цетиње, Црна Гора

Град Скопје: Градоначалникот Шилегов на средба со градоначалникот на Цетиње, Црна Гора

Градоначалникот Петре Шилегов денеска се сретна со градоначалникот на Цетиње, Црна Гора, Александар Кашќелан, Амбасадорката на Црна Гора Н.Е. Марија Петровиќ,  како и со шефот на Кабинетот и шефицата на протоколот на Градоначалникот на Цетиње, Дејан Лучиќ и Ивана Јовиќевиќ.

На билатералната средба, двајцата градоначалници разговараа за соработката меѓу Скопје и Цетиње и за можностите таа соработка меѓу двата града да се продлабочи.

На состанокот се зборуваше и за концептот на зелени градови, планирањето на просторот и за урбаната отпорност, како и актуелни теми кои ги засегаат и двете локални самоуправи.

Шилегов и Кашќелан  разговараа и за можностите за забрзан економски развој на Скопје и на  Цетиње и за актуелни теми кои ги засегаат и двете локални самоуправи.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...