spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрива Паланка: Проект за изградба на локалниот пат, Крива Паланка –село...

Крива Паланка: Проект за изградба на локалниот пат, Крива Паланка –село Варовиште- село Кошари – село Б’с .

Општина Крива Паланка продолжува со реализација на проекти за изградба на локалната патна инфраструктура и во таа насока започна со подготвителните активности за изградба на локалниот пат,  Крива Паланка –село Варовиште- село Кошари – село Б’с .

Овој проект ќе се рализира со средства обезбедени од Бирото за регионален развој, а преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2021 година.

Изградбата на овој патен правец е еден од приоритетите на Општината и има огромно значење за граѓаните, за месното население, но и за сите кои гравитираат кон овие населени места.

Динамиката на активностите за изградба ќе се одвиваа согласно временските услови и согласно предвидените рокови од договорот.

Изведувач на работите е  „Лабино Трејд“ ДООЕЛ –Гостивар, надзор на работите е ВЕИНГ ДООЕЛ-Скопје, а вредноста на инвестицијата е околу 10 милиони денари.

Извор: Општина Крива Паланка 

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....