Во рамки на проектот „Подобрување на социјалните услуги“ во Општинската организација на Црвен крст Струмица одржан е координативен состанок во партнерство со општините Ново Село и Василево.
На состанокот учествуваа секретарот на Општинска организација Црвен крст Струмица, Маријана Тошева, координаторот на проектот, Менче Златинова, градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов и градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов.
Целта на состанокот беше разгледување на динамиката за имплементација на услугата помош и нега во домот како и преглед на досегашните спроведени активности.
Проектот ,,Подобрување на социјалните услуги“ е финансиран од Министерство за труд и социјална политика со дел од заемот на Светска банка.
Извор: Општина Василево