spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВасилево: Координативен состанок за проектот „Подобрување на социјалните услуги“

Василево: Координативен состанок за проектот „Подобрување на социјалните услуги“

Во рамки на проектот „Подобрување на социјалните услуги“ во  Општинската организација на Црвен крст Струмица  одржан е координативен состанок во партнерство со општините Ново Село и Василево.

На состанокот учествуваа секретарот на Општинска организација Црвен крст Струмица, Маријана Тошева, координаторот на проектот, Менче Златинова, градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов и градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов.

Целта на состанокот беше разгледување на динамиката за имплементација на услугата помош и нега во домот како и преглед на досегашните спроведени активности.

Проектот ,,Подобрување на социјалните услуги“ е финансиран од Министерство за труд и социјална политика со дел од заемот на Светска банка.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Василево

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...