spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингУТМС: Обединетите нации го потврдија квалитетот на Студиските програми на Универзитетот за...

УТМС: Обединетите нации го потврдија квалитетот на Студиските програми на Универзитетот за Туризам и Менаџмент – Скопје

На Универзитетот за туризам и менаџмент по втор пат му е доделена TedQual диплома, за висок квалитет на наставата од страна на Обединетите нации.

Ова е единствена високообразовна установа со TedQual диплома во земјата и еден од вкупно 98-те универзитети во светот кои ги исполнија строго пропишаните критериуми да се стекнат со вакво престижно признание.

 

Во рамките на 24-тото Генерално собрание на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO) на Седницата на Комитетот за образование, на Ректорот на УТМС, проф. д-р Аце Миленковски, преку доделувањето на TedQual дипломата му беше оддадено признание за раководењето со оваа институција. Воедно беше истакнат успехот кој го вбројува овој универзитет меѓу првите 100 во рамките на системот за оценување на квалитет на UNWTO.

 

Дипломата ја додели директорот на Комитетот за иновациии, образование и инвестиции на UNWTO, г-ѓа Наталиа Бајона, која истакна: „Опоравувањето на туризмот започнува со Вас, преку квалитетот во образованието даваме можност на луѓето да создадат професионални кариери во туристичкиот сектор“.

Работата на Универзитетот за Туризам и менаџмент во Скопје е перманентно ревидирана на секои 3 години од Обединетите нации преку Светската туристичка организација. ООН создадоа TedQual систем за сертификација, кој е составен од серија критериуми за евалуација – универзално применливи за секоја едукација, обука и истражувачка програма – што овозможува да се измери ефективноста на педагошкиот систем, како и до кој степен се опфатени потребите, посебно на туристичкиот сектор, граѓанското општество и студентите во вакви програми.

 

 

 

 

Извор: Универзитет за Туризам и Менаџмент – Скопје 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...