На европскиот куп „Србија опен“ во кикбокс што се одржа од 14 до 16 мај во Белград, натпреварувачите од кикбокс маитаи клубот „Гладијатор“ од Општина Аеродром освоија две златни и две бронзени медали во своите категории. Климент Гроздановски и Михаела Минова се закитија со злато, а Горјан Ристевски и Матеј Арџалиев со бронза.
На турнирот учествуваа вкупно 337 натпреварувачи од 17 држави.
„Им ја честитам победата на овие успешни спортисти. Општина Аеродром и натаму ќе го поддржува ова спортско здружение и ќе се грижи за спортскиот живот во општината“, изјави градоначалникот Златко Марин.
Спортските екипи со поддршка на општината во последно време нижат само успеси. По освојувањето на купот на МЗТ Скопје, и кикбокс маитаи клубот „Гладијатор“ се закити со медали.
Извор: Општина Аеродром