Учебната 2021/2022 година, им донесе нов опремен кабинет по природни науки, на учениците во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово.
Кабинетот е опремен со нов мебел, инвентар и дидактички материјали коишто се очекува да придонесат за квалитетен, современ образовен процес но и да ја поттикнат истражувачката работа на учениците.
– Инвестирањето во образование и во знаење е најисплатлива инвестиција, на денешницата, и затоа сакам да изразам голема благодарност до Министерството за образование и наука, кое што ја препозна потребата од современи метод за изведување на наставата по природни науки и ни овозможи целосно реконструирање и опремување на кабинетот по природни науки- истакна Градоначалникот на Оштина Берово, Звонко Пекевски.
Инаку опремувањето на кабинетот по природни науки , се врши преку Министерството за образование и наука, во рамките на проектот за опремување со 265 кабинети по природни науки.
Дополнително, ќе се опремат со нови нагледни средство, кабинетите по хемија, биологија и природни науки.
Извор: Општина Берово