spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Кабинет по природни науки опремен во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”

Берово: Кабинет по природни науки опремен во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”

Учебната 2021/2022 година, им донесе нов опремен кабинет по природни науки, на учениците во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово.

Кабинетот е опремен со нов мебел, инвентар и дидактички материјали коишто се очекува да придонесат за  квалитетен, современ образовен процес но и да ја поттикнат истражувачката работа на учениците.

– Инвестирањето во образование и во знаење е најисплатлива инвестиција, на денешницата, и затоа  сакам да изразам голема благодарност до Министерството за образование и наука, кое што ја препозна потребата од современи метод за изведување на наставата по природни науки и ни овозможи целосно реконструирање и опремување на кабинетот по природни науки- истакна Градоначалникот на Оштина Берово, Звонко Пекевски.

Инаку опремувањето на кабинетот по природни науки , се врши преку Министерството за образование и наука,  во рамките на проектот за опремување со 265 кабинети по природни науки.

Дополнително, ќе се опремат со нови нагледни средство, кабинетите по хемија, биологија и природни науки.

 

 

 

Извор: Општина Берово 

Прочитајте

МТВ: Николовски – Од Скопје ќе се лета до Женева и...

0
Ве информираме дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа: Скопје -Женева Скопје-Париз (аеродром Орли) Овие две дестинации се воведуваат на барање...