Завршија градежните работи за поставување на бехатон плочки на улица 18 во населеното место Кисела Јабука. Во тек е редење на бехатон и на улица 14.
Според програмата, во ова населено место предвидено е со бехатон да се поплочат уште три улици, во вкупна должина од 500 метри.
Средствата за овие градежни работи се обезбедени од општинскиот буџет.
Извор: Општина Ѓорче Петров